Дома Фудбал Осман Дембеле го засилува гигантот од Премиер лигата?!

Осман Дембеле го засилува гигантот од Премиер лигата?!

Според преносот на Спорт, напаѓачот на Пари Сен Жермен, Осман Дембеле, сè уште нема потпишано нов договор со “светците”.

Францускиот голгетер е на мета на Манчестер Сити според пишувањето на овој весник. Агентот на играчот, Муса Сисоко, имал состанок со директорот на “граѓаните”!

Добитникот на Златната топка би можел да се пресели во Премиер лигата во сензационален трансфер следното лето. Дембеле ја започна својата кариера во Рен, во летото 2016 година премина во Дортмунд за 35 милиони евра, а на Паркот на принцовите е од 2023 година кога “светците” платија 50 милиони евра за неговите услуги.

Дембеле оваа сезона во 27 натпревари за Пари Сен Жермен постигна 15 гола и оствари 12 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Амити со два гола ја предводеше Македонија У15 до стартни 4:1 во Баку

Македонската селекција до 15 години ја совлада Панама на почетокот од турнирот во формат 7…