Пишува: Стефан Даскалов
Вчерашното финале во Ракометниот Куп на Македонија помина одлично и без никакви инциденти се до моментот кога по завршувањето на мечот го видовме најсрамниот инцидент на спортските терени кај нас во последните години.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сме биле сведоци на тепачки и пресметки помеѓу навивачи, секако никако ниту тие не се за оправдување, но вчера бевме сведоци како униформирано лица го удира ракометарот на Вардар и репрезентативец на Македонија, Филип Талески.
Невеорјатно, шокантно, но и жално за македонскиот спорт изгледаше таа сцена. Не боли толку ударот, боли ударот на спортот во нашата држава кој и онака и пред овој инцидент не е на некое завидно ниво.
За сцената од македонските терени известуваа и новинари од регионот кои со чудење пренесуваа за тој момент, веројатно и тие требаше повеќе пати да го погледнат видеото за да се уверат дека тоа е навистина тоа што го гледаат…
Постојат шпекулации за тоа зошто полицаецот реагирал на таков начин и некакво неспортско однесување на Талески, меѓутоа што и да се случило полицаец дојден да обезбедува спортски натпревар НЕ СМЕЕ, едноставно НЕ СМЕЕ НИКАКО да си дозволи така да реагира.
Санкција и казна кон полицаецот се уште нема, јавноста која очекувано е на страна на Талески бара најостро да се санкционира претставникот на безбедносните сили. Доблесно било барем од негова страна јавно да се извини, иако тоа не би ја намалило премногу големината и срамот за овој инцидент.
УДАРОТ КОН ТАЛЕСКИ Е И УДАР НА СПОРТОТ!
After the match Filip Taleski was hit with a baton by a police officer! pic.twitter.com/UF7ZBrKuSu
— Rasmus Boysen (@RasmusBoysen92) May 13, 2023