Младиот играч на Црвена звезда Андрија Максимовиќ имаше прилично амбициозна изјава пред натпреварот против Барселона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Бисерот на белградскиот тим со потекло од Нови Пазар е во добра форма, а неговата самодоверба е на високо ниво, па пред натпреварот даде интересна изјава:
„Играв против него на Европското првенство до 17 години, одличен играч. Утре ќе излезам и ќе покажам дека сум подобар од него. Планирав да размениме дресови по натпреварот“, изјави младиот фудбалер.
Јамал е прогласен за најдобар млад фудбалер во Европа, тој е најмлад стрелец во дербито на Реал и Барселона, а со Шпанија стана и европски првак.
Максимовиќ за клубот од Белград има шест гола и асистенции на 16 натпревари, а во Лигата на шампионите дебитираше против Интер.