Дома Македонски спорт Тажна вест: Почина еден од основачите на Струшкиот ракометен турнир

Тажна вест: Почина еден од основачите на Струшкиот ракометен турнир

Во текот нма вчерашниот ден на 86-годишна возраст почина Крсте Чакар, кој важи за еден од основачите на струшкиот ракометен турнир и поранешен ракометар на Струга и Работнички.

Чакар е човек кој целиот свој живот го посвети на ракометот, имаше завршено филозофски факултет на отсекоот книжевост, работеше како професор по македонски јазик и литератур во „Нико Нестор“ во Струга.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Како тренер го постигна најголемиот успех на Стружанка со пласманот во полуфиналето на женскиот Купо во Југославија.

Тој исто така е автор на книгата посветена на фудбалскиот клуб Караорман кој се формираше во 1923 година и тоа како подарок за клубот чиј тренер беше неговиот татко Борис. Книгата Чакар им ја подари на 75-иот роденден на ФК Караорман кој исто така потекнува од Струга.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Еден од милениците на скопската публика и освојувач на ЛШ со Вардар заминува во пензија

Еден од најдобрите хрватски ракометари на сите времиња, Иван Чупиќ, по завршувањето на ова…