Изминатата вечер се играа квалификации за Светското првенство во Јужна Америка.
Аргентина го победи Чиле со 2:1 на гости во Калама. Натпреварот за Аргентина немаше голема важност затоа што „Гаучосите“ веќе го обезбедија пласманот во Катар, затоа и Меси доби одмор. Гостите на крајот сепак и победија со головите на Ди Марија и Лаутаро. Единствениот гол за Чиле беше дело на Бен Брерентон-Дијаз.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Натпреварот меѓу Еквадор и Бразил заврши без победник 1:1. Во ов ој натпревар главен лик беше судијата Вилмар Ролдан кој се истакна на неславен начин со низа неесоодветни одлуку. Неколку пати ги менуваше одлуките после реакција од ВАР. Доволно е да се каже дека покажа два црвени картони, поништи уште два, а досуди и поништи два пенали.
Како и Аргентина така и Бразил го имаше обезбедено својот пласман на СП и натпреварот го играа со втор тим. Од друга страна на Еквадор му е важен секој бод во битката за пласман во Катар. Головите ги постигнаа Каземиро и Торес.
Уругвај славеше против Парагвај и така си ги зголеми своите шанси за пласман на Мундијалот. Единствениот гол на натпреварот беше дело на Суарез.