Дома Фудбал Тежок удар за Бразил пред натпреварот со Франција и Хрватска

Тежок удар за Бразил пред натпреварот со Франција и Хрватска

Првиот голман на бразилската фудбалска репрезентација Алисон Бекер поради повреда ќе ги пропушти пријателските натпревари против Франција и Хрватска, кои ќе се одржат на 26 март во Бостон и на 31 март во Орландо, објави Бразилската фудбалска конфедерација во петокот.

Алисон во средата бранеше цел натпревар за Ливерпул во реваншот од осмина-финалето на Лигата на шампионите против Галатасарај, но потоа на еден тренинг наводно истегнал мускул.

Наместо Алисон, бразилскиот селектор Карло Анчелоти за оваа акција го повика голманот на Коринтијанс, Хуго Соуза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чурлинов со лоб го отвори Раков и стигна до четвртиот лигашки гол

Дарко Чурлинов погоди уште во петтата минута на гостувањето кај Раков. Македонскиот напаѓа…