Дома Македонски спорт Мак ракомет Струга до сигурна победа против Металург

Струга до сигурна победа против Металург

Ракометарите на Струга го искористија заморот во редовите на Металург и славеа со 35:21.

Металург вчера играше против Тиквеш, не поминаа ниту 24 часа од тој натпревар, а денес отпатува за Струга. Во овој натпревар тимот од Автокоманда беше дополнително ослабен со заминувањето на Златко Хорват.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Во таква ситуација „металурзите“ немаа многу шанси за успех во ова гостување. Струга знаеше како да ја искористи шансата и се беше јасно уште на полувремето кога домаќинот водеше со 17:9.

Барјактаревиќ во редовите на Струга постигна 10 гола, додека кај Металург најефикасен беше Лазаревски со седум гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…