Дома Останати Кошарка Евробаскет Страшниот Ирвинг 47, неуништливиот Бостон 16!

Страшниот Ирвинг 47, неуништливиот Бостон 16!

Имаше моменти во последната четвртина кога Далас имаше и високи 13 поени разлика, но како и неколку пати во текот на триумфалната серија која сега веќе се протега на 16 нетпревари, Бостон одби да потклекне.

Кралот Ирвинг леташе по теренот и уфрли 47 поени, од кои 10 во продолжението, па Селтикс успеаја во Тексас да слават со 110:102 и да се израмнат со четвртата најдолга серија на победи во историјата на НБА франшизата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Далас водеше до 96 секунди пред крајот на натпреварот, но тогаш Ирвинг му украде топка на Дирк Новицки и ја додаде во „алеј-ап“ атракција на Џејсон Тејтум, со што натпреварот отиде во продолженија. А таму каубоите од Тексас ниту со ласо не можеа да го зауздаат разиграниот Ирвинг. Кајри ги постигна првите шест поени за Бостон, а и одлучувачкиот кош за 106:102 на 48 секунди пред крајот, по што Далас не можеше да се врати во игра.

Успешен беше и бившиот клуб на Ирвинг, Кливленд Кавалирс, кој славеше против директниот ривал во борба за првото место во Централ дивизијата. Детроит едноставно не знаеше како против Кавс и Леброн Џејмс, иако „Кралот“ овој пат не одигра некоја натчовечка партија. Постигна 18 поетни, од кои дури 16 во првата четвртина, но неговите кошеви не беа пресудни во високата победа на Кливленд од 116:88.

Њу Орлеанс со 36 поени и 15 скока на Ентони Дејвис успеа да ги скрши неверојатните Расел Вестбрук и неговите Оклахома со 114:107, иако во последната четвртина и пол играше без Дермаркус Казинс.

Тој имаше 18 поени и девет скока, но пет минути пред крајот на третата четвртина мораше да го напушти паркетот поради намерен прекршок над Вестбрук со лакт во лице. Вестбрук, инаку, постигна 22 поени, но имаше и 16 скока и 12 асистенции за нов трипл-дабл. Додуша, промаши и 13 од 19 шутеви од игра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Евробаскет

Проверете

Продолжува да блеска: Димитријевиќ со ново големо достигнување во ВТБ лигата!

Денеска во првиот натпревар од плеј-офот во четвртфиналето на ВТБ лигата кошаркарите на Ун…