Дома Фудбал Англија Статистиката покажува дека Манчестер Јунајтед во моментов е најдобриот тим во Премиер лигата

Статистиката покажува дека Манчестер Јунајтед во моментов е најдобриот тим во Премиер лигата

Тоа е вистина. Во сегашната форма, Манчестер Јунајтед е најдобриот тим во Премиер лигата.

Новиот тренер Оле Гунар Солскајер го врати бродот назад и разликата во играта под водство на него и онаа што ја видовме под водство на Мурињо е едноставно голема, а и самите играчи се полни со самодоверба.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ниту еден друг тим не освои повеќе поени во лигата (19) откако што Солскајер го превзеде Манчестер Јунајтед на 19. декември. Интересно е тоа што Јунајтед ги надмина дури и Ливерпул и Манчестер Сити откако што клубот го превзеде Солскајер. Исто така, секој навивач на Јунајтед е среќен поради тоа што во периодот од 19. декември па до сега Јунајтед е екипата која постигна најмногу голови (19) во Премиер лигата. Напаѓачкиот фудбал е назад на „Олд Трафорд“.

Екипата на Солскајер е прва на листата на екипи со најмногу креирани шанси (87) и со најмногу шутеви (121) во Премиер лигата од кога тој го превзеде кормилото на Манчестер Јунајтед. Креативноста на Лингард, Рашфорд и Погба помогнаа навивачите на Манчестер Јунајтед да се сетат на славните денови кои веќе неколку години со нетрпение чекаат да се вратат на „Олд Трафорд“.

Нападот не е единственото нешто што се подобри под водство на Солскајер, одбраната е повторно сила. Манчестер Јунајтед под водство на Норвежанецот прими само шест гола во лигата, што е најмалку од кога тој пристигна во Јунајтед.

Ова беа неверојатни шест недели за сите навивачи на Манчестер Јунајтед кои со нетрпение сакаат да го заборават фудбалот на Мурњио и да се навикнат на овој новиот од Солскајер. Навивачите со голема поддршка за Солскајер сакаат тој да остане тренер на клубот и следната сезона…

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јувентус го освои италијанскиот Куп

Јувентус го освои трофејот во италијанскиот Куп, откако во финалето ја победи Аталанта со …