Дома Фудбал Статистиката води кон тоа – Дали Роналдо е виновникот за заостанувањето на Реал?

Статистиката води кон тоа – Дали Роналдо е виновникот за заостанувањето на Реал?

ronaldo

Доколку се водиме според статисиката и бројките тие не наведуваат на такво размислување…

Не поминала ниту половина сезона во Примера, а „кралевите“ веќе не се надеваат на титулата во првенството.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Најглемиот ривал Барселона има предност од 16 бодови, навистина и натпревар повеќе, но и во случај на победа на „кралевите“ 13 бода е бројка која навистина е тешко достижна.

Стартот на сезоната воопшто не најавуваше ваков тек на сезоната. Реал го победи Манчестер Јунајтед во Скопје, а потоа и покажа сила против Барселона во шпанскиот Суперкуп, за потоа да следи голем пад.

Незадоволните навивачи се повеќе прстот го вперуваат кон Карим Бензема, а во последно време и кон Марсело, точно е дека овие двајца се во лоша форма, но што да се каже за првата ѕвездата на тимот.

Иако уште еднаш стигна до „Златната топка“, Кристиано Роналдо оваа сезона игра под сите очекувања, посебно во Примера.

Од „заводот за статистика“ ни пристигнува податок за неговиот голгетерски учинок според кој може да се забележи дека е најлош уште од неговото пристигнување на „Сантијаго Бернабеу“.

Бројките во графикот говорат се, Роналдо оваа сезона постигнува погодок на секои 289 минути поминати на теренот што е неспоредливо послабо во однос на претходните сезони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тен Хаг е пред отказ, а тој зборува за трофеј

Ерик Тен Хаг се наоѓа под најголем притисок во Манчестер Јунајтед поради слабите резултати…