Дома Фудбал Останато Ставрев на удар по арбитражата во Солун: Го донесоа за две кила месо, што да очекуваше од таков човек!

Ставрев на удар по арбитражата во Солун: Го донесоа за две кила месо, што да очекуваше од таков човек!

Maкедонскиот најдобар судија, Александар Ставрев вчера го судеше дербито во Солун помеѓу Арис и Панатинаикос кое заврши со победа на гостите од 0:2. Сепак и покрај победата луѓето од Панатинаикос испратија жестоки критики на сметка на македонскиот арбитар.

Од Панатинаикос го обвинија Ставрев дека бил на страна на домаќините со цел да им направи проблем во налетот за титулата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Судењето на Ставрев во овој натпревар за нас беше порака како функционира системот во Грција. Неговите „грешки“ беа едносстрани, имаше голема толеранција за домаќините, а лесно „пожолтуваа“ нашите дефанзивци. Јасно влечеше на страна на Арис, но и тоа не им помогна“, соопштија од атинскиот клуб.

Ставрев беше нападнат и од претседателот на грчки Волос кој се залага за странски судии во првенството.

„Беше ужасен, но го донесоа за две кила месо и што можеш да очекуваш од таков човек“, гласеше изјавата на Ахилеас Беос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Надал во Мадрид направи нешто што не му успеало две години

Спортската јавност долго време го чекаше враќањето на поранешниот најдобар тенисер во свет…