Дома Фудбал Лига на шампиони Тухел: Гнабри сигурно ќе постигне гол

Тухел: Гнабри сигурно ќе постигне гол

Утре Баерн Минхен го пречекува Реал Мадрид во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампиони, а Џамал ​​Мусијала и Лирој Сане се под знак прашалник.

„Ќе донесеме некои важни одлуки во последен момент. Некои од нив се поврзани со Џамал ​​и Лирој“, изјави Тухел.

Мусиала и Сане се жалат на повреди, а ситуацијата не изгледа добро со Матијс де Лихт и Дајо Упамекано кои најверојатно ќе го пропуштат првиот натпревар.

Серж Гнабри имаше повреда која очигледно е санирана  и Тухел потврди дека напаѓачот ќе игра.

„Серж Гнабри ќе може да игра во вторник. Не само што ќе игра, туку и ќе постигне гол. Тоа ќе се случи, не знам како, но ќе се случи“, изјави Тухел

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Србија се бори за опстанок во Лигата на нации

Фудбалската репрезентација на Србија се соочува со клучен натпревар против Холандија во об…