Дома Останати Тенис Ново изненадување од Ѓоковиќ: Австриски експерт се појави на неговиот тренинг

Ново изненадување од Ѓоковиќ: Австриски експерт се појави на неговиот тренинг

Во септември си заминаа Едоардо Арталди и Елена Капеларо, пред неколку недели Горан Иванишевиќ, а пред неколку дена Марко Паники.

Сега Новак Ѓоковиќ продолжува со реновирање на стручниот штаб. Појавувањето на Гебхард Фил-Грич, австриски фитнес експерт, на терените во Кошутњак е најдобар доказ дека Новак подготвува план за најтешкиот период во кариерата.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Најдобриот тенисер во историјата во јули го чека налетот кон единствениот неосвоен трофеј – олимпискиот златен медал, а за да стигне до таму ќе треба да надмине многу. Пред да влезе во Олимпиското село, Ѓоковиќ го чекаат Ролан Гарос и Вимблдон, а потоа и УС Опен.

Очигледно незадоволен од стартот на сезоната – мај почнува утре, а се уште нема титула – Новак се одлучи дна промени. Прв замина Иванишевиќ, а вториот Паники. Официјалното соопштение во кое Ѓоковиќ ќе се прости од италијанскиот стручњак е само прашање на време. Се разбира, ниту заминувањето на Иванишевиќ, ниту на Паники не фрла сенка на нивната работа. И двајцата максимално помагаа за успехот на српскиот тенисер, но очигледно имаше заситеност и промените беа неизбежни, пишува Спорт Клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ во февруари ќе ја нападне титулата во Доха

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра во февруари следната година на турнирот во…