Дома Фудбал Останато Во Лига 1 француските судии гласно ќе ги објавуваат своите одлуки со ВАР

Во Лига 1 француските судии гласно ќе ги објавуваат своите одлуки со ВАР

Во Франција се подготвува револуционерна промена, која ќе биде поврзана со работата на судиите со ВАР системот во текот на фудбалските натпревари, објави весникот „Ле Паризиен“.

Претседателот на Француската фудбалска асоцијација, Филип Диало, најави дека од следната сезона, доколку некој судија отишол да гледа одредена ситуација со ВАР, ќе мора преку микрофон да им соопшти на сите на стадионот зошто ја донел својата конечна одлука за ситуацијата.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во врска со ова ќе се постават и нови звучни системи кои ќе бидат специјално за судиите за оваа намена.

„На овој начин Француската федерација има за цел да го подобри разбирањето на навивачите за работата на судиите. Сè е подготвено, направивме многу тестови. Имав многу контакти со ФИФА за да ги убедам во нашата желба да продолжиме напред. И на крајот добивме дозвола да продолжиме со проектот“, изјави Диало.

Истиот пристап беше тестиран на Светскиот куп на ФИФА за жени во 2023 година, како и на Светскиот куп до 20 години. Новиот систем во Франција според најавите ќе почне да се применува на 25 мај во финалето на Купот меѓу ПСЖ и Олимпик Лион, а од следната сезона ќе се користи и во сите првенствени натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тандемот на Реал функционира перфектно: Белингам му кажа на Винисиус каква топка сака и гол падна по 30 секунди! (Видео)

Реал Мадрид ја победи Аталанта на гости со 3:2 и така ја прекина низот од два пораза во Ли…