Дома Тикет на денот Тикет на денот (вторник, 30.04.2024)

Тикет на денот (вторник, 30.04.2024)

Денес имаме доста слаба понуда, но тоа не значи дека ќе ве оставиме без тикет на денот. Ова е нашиот предлог за денес.

Баерн Минхен – Реал Мадрид – Т2 1+ ПП @ 2.06 во Mozzart

Воопшто не е изненадување што Баерн и Реал Мадрид се во ½ финалето од Лигата на шампионите. Од овие екипи тоа секогаш се очекува, но оваа сезона Баварците не личат на себе кога е во прашање домашната Бундеслига. Екипата од Минхен не биле во финалето од „корона годината“ кога во финалниот натпревар го победија ПСЖ, додека Реал пред две години славеше во финалето против Ливерпул. Двата тима во ¼ финалето елиминираа англиски претставници и тоа најдобрите на Островот. Баерн беше подобар од Арсенал, а Реал после фантастичен натпревар го „отпадна“ Манчестер Сити. Овде очекуваме гостите да постигнат најмалку еден погодок во првото полувреме, а коефициентот за Т2 1+ ПП во Mozzart изнесува 2.06.

Ковентри – Ипсвич – 2 @ 1.73 во 22Bet


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ипсвич и понатаму е во игра за директен пласман во Премиер лигата. Има исто бодови со Лидс, но има и еден натпревар помалку, па со евентуална победа на денешниот натпревар би создале предност од три бода и би стигнале до втората позиција која води директно во елитата. Ковентри пак попушти во последно време и зеде само еден бод на последните четири натпревари и тоа до некаде ги исфрли од борбата за плеј оф за англиската елита. Ние овде очекуваме гостите да победат и типуваме 2 со квота 1.73 во 22Bet.

Пакош Фереира – АВС – 0-2 @ 1.63 во Bet365

Во заостанатиот натпревар од португалската Сегунда се сретнуваат екипите на Пакош Фереира и АВС. Гостите во минатата сезона беа третолигаши и беа вистинска сензација во поголемиот дел од првенството, додека сега се на третата позиција и имаат реални шанси за пласман во повисоко ниво од португалската лига. Пакош Фереира заостана во борбата за таков пласман и за нив предвидуваме само мирна завршница и ништо повеќе. Овде сметаме дека ќе гледаме неефикасен дуел и типуваме 0-2 гола со квота 1.63 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 5.81

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk


Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тикет на денот

Проверете

Тикет на денот (четврток, 12.12.2024)

Со оглед дека се играат натпревари во Лига Европа и конференциската лига, понудата е фанта…