Дома Топ вести Левандовски откри кога би можел да замине од Барселона

Левандовски откри кога би можел да замине од Барселона

Искусниот напаѓач, Роберт Левандовски се поврзуваше со заминување од Барселона, но како што стојат работите тој ќе остане во каталонскиот гигант.

35-годишниот голгетер вчера одигра одличен натпревар против Валенсија во кој со хет-трик донесе победа за Барселона.

По натпреварот беше запрашан за својата иднина, а полскиот голгетер беше јасен.

„Не е возможно да си заминам од Барселона ова лето, тоа не е тема за која има нешто да се зборува. Физички се чувствувам одлично и верувам дека така ќе биде во нареднте две сезони. Тогаш веќе нема да бидам физички на повисоко ниво, па ќе размислувам за мојата иднина и заминување“, изјави Левандовски.

Левандовски во Барселона пристигна во 2022 година и потпиша договор на три сезони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сабицер го спаси Дортмунд во 90+3: Вердер падна по луда драма!

Дортмунд испушти 2:0, но Сабицер со слободен удар во 90+3. минута донесе победа од 3:2 над…