Малкумина од вас овде веруваа дека ќе го одржам овој прес, но успеавме“, изјави Карло Анчелоти на почетокот на прес-конференцијата на која го најави натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Баерн кој е закажан за вечерва во 21 часот на Алијанц Арена во Минхен. Потоа следеа прашања од новинарите.
Пред 10 години славевте со 4:0 на Алијанц Арена.
Минатото останува во нашите убави спомени, но утре ќе биде друга приказна. Тоа ќе биде прв натпревар од полуфиналето. Самоуверени сме, но играме против силен противник. Пред се, среќни сме што сме тука, и се надеваме дека повторно ќе играме во финалето. Не чекаат 180 минути, а не 90.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Споредба помеѓу Реал и Баерн?
Тие се силни во транзицијата и имаат многу брзи играчи. Можам да играм на многу начини. Двата тима се такви што немаат јасен идентитет, но можат да играат фудбал во зависност од потребата во тој момент.
Мислите дека не го ценат доволно Реал во Лигата на шампионите?
Реал никогаш не е потценет во ова натпреварување. Секој знае што може да направи. Чувствуваме голема почит која доаѓа од сите во конкуренцијата.
Дали сте фаворити?
Имаме голема самодоверба, но и почит кон Баерн. Тие немаат одлична сезона во Бундеслигата, но одиграа спектакуларен двомеч против Арсенал. Тие се силен тим во Европа. Мора да ја земеме предвид историјата на клубовите во Лигата на шампионите, тоа исто така нешто значи.