Дома Топ вести Полуфинале во ЛШ: Баерн го пречекува Реал

Полуфинале во ЛШ: Баерн го пречекува Реал

Лигата на шампионите во фудбал стигна до полуфиналето. Првиот натпревар во кој Баерн ќе го пречека Реал Мадрид ќе се одигра вечерва, додека утре на распоредот е натпреварот помеѓу Борусија Дортмунд и ПСЖ.

Пред првиот натпревар баварскиот клуб има проблеми со повредени играчи, па под знак прашалник се настапите на Џамал ​​Мусиала и Лерој Сане, пренесува Хина.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Има неколку одлуки кои ќе ги донесеме во последен момент, како што е случајот со Џамал ​​и Лерој“, изјави тренерот на Баерн, Томас Тухел.

Долга историја на големи натпревари
Низ историјата на Лигата и Купот на шампионите, Баерн и Реал Мадрид одиграле вкупно 26 натпревари, што ги прави рекордери на ова натпреварување кога се во прашање меѓусебните дуели.

„Ова полуфинале изгледа како финале. Тоа секако е многу важен натпревар, натпревар со големо влијание“, смета Тухел. За него Лигата на шампионите е последното натпреварување во кое има можност да остави значаен белег во својот мандат на клупата на Баерн, која ќе ја напушти на крајот од сезоната.

Под негово водство Баварците ја загубија трката со Баер за шампионската титула на Германија, која од 2013 година ја освојуваа 11 пати по ред.

Реал Мадрид е рекордер по бројот на титули
Од друга страна, Реал Мадрид е речиси сигурно новиот шампион на Шпанија, а со елиминацијата на бранителот на титулата Манчестер Сити во четврт-финалето, „кралскиот клуб“ повторно е на дофат на пехарот на најдобрите во Европа, кој мадридскиот тим го освои рекордни 14 пати.

Овие два тима не се сретнале во последните шест години во Лигата на шампионите, а поновата историја на нивните дуели е убедливо на страната на мадридскиот клуб. Последен пат Баерн успеа да го исфрли Реал во нокаут фазата од Лигата на шампионите пред 12 години.

Реваншот се игра следната среда, во Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Флоријан Вирц играч на сезоната во Бундеслигата

Ѕвездата на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, е прогласен за најдобар играч во Бундес-лигата…