Дома Македонски спорт Срушен рекорд на јубилејниот 20. Скопски маратон!

Срушен рекорд на јубилејниот 20. Скопски маратон!

Најголемата спортска манифестација во Македонија, Виз Ер Скопски маратон, го надмина својот рекорд од 2019 година од пред-пандемичниот период за број на пријавени тркачи. Рекордот претходно беше постигнат во 2019 година на тогашното издание на маратонската манифестација.

Утре во рамките на своето јубилејно 20то издание, ќе учествуваат рекорден број љубители на трчањето. На стартот во недела се очекува да се појават 13.440 натпреварувачи од 55 земји, кои ќе ги исполнат улиците на главниот град со позитивна енергија и ќе ја потсетат јавноста дека навистина, – трчањето може да те промени.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пријавените тркачи со своето учество на Виз Ер Скопскиот маратон мапираат земји од целиот свет. Со својата дводецениска традиција, Виз Ер Скопски маратон стана симбол на сплотеност и неверојатен спортски дух.

Покрај традиционалната маратонска трка (42.195 км), на Виз Ер Скопски маратон како и секоја година ќе се трча и полумаратон (21.097 км), штафетен маратон, како и трката за рекреативци на 5км, како најмасовната трка од сите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Арсенал спреми астрономска понуда за ѕвездата на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за плејмејкерот на Милан и холандски репрезентативец Тиж…