Дома Фудбал „Земјотрес“ од Мадрид: Куферот со 120 милиони евра е подготвен за спектакуларно засилување

„Земјотрес“ од Мадрид: Куферот со 120 милиони евра е подготвен за спектакуларно засилување

Реал Мадрид оваа сезона не игра дури ни приближно на ниво што се очекува од овој тим и јасно е дека на крајот од сезоната ќе има промени. Арбелоа се бори како лав за добар резултат кој би му ја зачувал тренерската позиција на Реал Мадрид и следната сезона.

Се разбира, некои тренерски имиња се спомнуваат како потенцијални наследници, а се зборува и за играчи кои би требало да дојдат во Мадрид.

Без разлика дали Арбелоа ќе остане на клупата на Реал Мадрид или не, раководството на овој клуб сака големо засилување во средниот ред.

Како што пренесува шпанскиот „Фихајес“, Реал Мадрид подготви куфер полн пари за Енцо Фернандез, а станува збор за сума од 120 милиони евра.

Откако сфатија дека нема шанси да го доведат Витинха од Пари Сен-Жермен, се свртија кон Аргентинецот.

Веќе долго се зборува дека сите во Реал Мадрид исклучително го ценат Енцо Фернандез, а изгледа дека е време да го доведат во своите редови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал во предност за трансфер на младиот Нуса

Арсенал е во силна позиција за трансфер на Антонио Нуса, благодарение на учеството во Лига…