Дома Македонски спорт Последен ден за пријавување на Виз Ер Скопски маратон 2022

Последен ден за пријавување на Виз Ер Скопски маратон 2022

Скопје, 20.09.2022 – Полека, но сигурно наближува најголемиот спортски настан за оваа година. Уште 12 дена не делат од најпознатата скопска трка, Виз Ер Скопски маратон, кој ќе се оддржи по 18ти пат.

Сите заинтересирани тркачи кои сè уште не се пријавиле на настанот, тоа можат да го направат уште денес, 20ти септември на официјалната страна на Виз Ер Скопски маратон http://skopskimaraton.com.mk/prijavuvanje/


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


18тото издание на Виз Ер Скопски маратон ќе се оддржи во недела на 02.10.2022 година со традиционалните трки кои се дел од оваа спортска манифестација. Оваа година стратот и целта се враќаат на својата претпознатлива локација, стартот ќе биде пред Собранието на Р. Македонија, додека целта ќе биде Плоштадот „Македонија“. Стартот на маратонот, полумаратонот и штафетната трка- ЕУ за спорт ќе биде во 8:00 часот, а трката на 5км ќе започне во 08:10 часот.

Подигнување на стратните пакети сите учесници ќе имаат можност да го направат тоа од 29.09.2022 (четврток) до 01.10.2022 (сабота) во Веро Центар, од 11:00 до 19:00 часот. При подигнување на пакетот тркачите ќе треба да прикажат потврден меил од пријавата или документ за идентификација.

Секој учесник на Виз Ер Скопски маратон добива вредносен ваучер од 20 евра од насловниот спонзор на трката, Виз Ер кој можат да го користат до наредното издание на маратонот.

Виз Ер Скопски Маратон е во организација на Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со Атлетски Клуб „Работнички“ од Скопје, а под покровителство на Град Скопје, Делегацијата на ЕУ и Агенцијата за млади и спорт.

Повеќе информации можат да се најдат на официјалната страна на маратонот, како и нивната Фејсбук страна:

http://skopskimaraton.com.mk/ и https://www.facebook.com/skopskimaraton

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Лазаров објави список од 36 ракометари за натпреварите со Фарски Острови

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров го објави поширокиот сп…