Дома Македонски спорт Спортинг го исфрли Ристовски во „Б“ тимот

Спортинг го исфрли Ристовски во „Б“ тимот

Македонскиот заменик капитен од репрезентацијата Стефан Ристовски беше во преговори за заминување од Спортинг и трансфер во Русија, но на крајот остана иако е во лоши односи со тренерот Аморим.

Сега веројатно како казна Аморим решил да го испрати Ристовски во „Б“ тимот на Спортинг, заедно со нашиот фудбалер во вториот тим на Спортинг ќе оди и Камачо.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Португалските медиуми тврдат дека Ристовски и Камачо наскоро ќе го напуштат Спортинг, но сега преодниот рок во Европа е затворен, во Русија беше до 17. октомври и тоа веројатно беше последната шанса. Многу веројатно е дека Ристовски ќе остане во Спортинг се до зимскиот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

На денешен ден пред 24 години беше постигнат еден од најпознатите голови во Премиер лигата (Видео)

Холандскиот фудбалски мајстор, Денис Бергкамп, изгради кариера полна со извонредни голови.…