Дома Фудбал Италија Специја го шокира Милан на „Сан Сиро“🎥

Специја го шокира Милан на „Сан Сиро“🎥

Милан направи голем чекор назад во борбата за Скудетото откако на домашен терен загуби од Специја (1:2).

„Росонерите“ одлично го започнаа натпреварот и во првото полувреме на теренот играше само еден тим.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шансите се редеа пред голот на Специја, а најзрелата ја имаше Тео Хернандес во 40-та минута, кој промаши од белата точка. Пред крајот на првиот дел Леао погоди за 1:0 за Милан.

Во второто полувреме кога се чинеше дека „росонерите“ рутински ќе дојдат до победата во 67-та минута Специја преку еден контранапад стигна до израмнување 1:1.

До крајот домаќините имаа неколку одлични шанси, но не успеаа да го совладаат голманот на Специја. Во 90-та минута беше видена голема грешка на судијата, која ја прекина акцијата кога Месијас излезе сам пред голманот и постигна гол. Судијата сфати дека погрешил и се извини.

Гостите во последната секунда преку контранапад го шпкираа Сан Сиро и запишаа победа од 1:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…