Дома Фудбал Германија Спектакал во чест на легендата: Ваинденфелер се прости со два гола и два одбранети пенали (видео)

Спектакал во чест на легендата: Ваинденфелер се прости со два гола и два одбранети пенали (видео)

waindenfeler

Легендарниот голман на Борусија Дортмунд, Роман Ваинденфелер ја заврши својата кариера уште по завршувањето на сезоната, но изминатата ноќ на „Вестфален“ беше одигран спектакуларен натпревар во негова чест.

Повеќе од 70.000 навивачи на Борусија Дортмунд пристигнаа на „Вестфален“ за да ја поздрават легендата клубот и направија фантастична атмосфера во која силите ги одмерија „БВБ Ол Стар“ и „Роман и пријателите“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Одличниот голман бранеше и за двете страни, успеа да одбран и два пенали, но и да постигне два погодоци (еден од пенал), натпреварот на крајот заврши со победа на БВБ Ол Стар со резултат 4:1.

За овој натпревар во чест на Ваинденфелер се врати и Јирген Клоп кој ја водеше екипата на БВБ Ол Стар која беше составена од:

Роман Ваинденфелер, Еванилсон, Невен Суботиќ, Себастијан Кел, Свен Бендер, Торстен Фрингс, Јан Колер, Евертон, Александер Фреи, Еузебиус Смоларек, Патрик Овомојела, Јенс Леман, Деде, Ларс Рикен, Кевин Гроберкурц, Ото Адо, Оливер Кирч, Марсио Аморо, Филип Деген, Антонио Да Силва, Фелипе Сантана, Марсел Шмелцер, Мохамед Зидан, Флоран Кринга, Јулијан Шеибер, Сундеј Олсех, Кристијан Ворнс, Тинга.

На другата страна тимот под име Роман и пријателите од клупата ги водеше Питер Стогер, помошник му беше Јорг Хенрих, а настапуваа: Роман Ваинденфелер, Роберт Ковач, Пер Мертезакер, Џеф Страсер, Дирк Ханапел, Кристоф Крамер, Давид Деген, Димитрос Грамозис, Линколн, Лукас Подолски, Олаф Маршал, Тим Висе, Михаел Балак, Ерик Шмид, Томас Хенген, Михаел Шонбејрт, Хеико Ваинденфелер, Кристоф Мецелдер, Томас Рид, Давид Одонкор, Марко Рич, Родриго Мартинс, Роџер Луц, Даниел Денгер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Дешам го објави списокот на Франција за ЕП 2024, во него неколку изненадувања

Дидиер Дешам изненади со списокот на играчи за ЕП. Во него има двајца големи повратници и …