Aмбициозниот проект на Реал Мадрид започнува!
Кралскиот клуб договори за претстојната голема реконструкција на својот стадион да добие 575 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Она што се става во прв план е тоа дека клубот нема да биде приморан да стави под хипотека ниту еден објект, така оваа последици од овој потег нема да се почуствуваат во иднина и клубот нормално ќе продолжи да функционира во преодните рокови кои следат.
Споменатата сума ќе се отплатува во наредните 30 години со фиксна каматна стапка од 2.5 проценти.
Самата позајмица ќе дојде во три рати, јули 2019, јули 2020 и јули 2021 година. На тој начин ќе биде уплатена големата сума на сметка на гигантот од Мадрид.
Бордот директор така наведе дека кредитот практично ќе се исплаќа сама затоа што се планира заработка од реконструираниот музеј на славниот шпански клуб и многуте објекти.
„Сантијаго Бернабеу“ освен што ќе биде реновиран од надвор ќе биде и со модерна технологија.
За реконструкцијата е ангажирана „Леџендс“, мултинационална компанија која е лидер во изградба на спортски објекти. Шпаските медиуми тврдат дека
„Дигиталниот“ Бернабеу ќе биде модерен и футиристички, а клубот со тоа сигурно ќе ги зголеми приходите.
Во моментов годишниот приход од стадионот изнесува 173 милиони евра, а планот на „кралевите“ е приходот да се зголеми до 320 милиони евра годишно.