Дома Фудбал Реал Мадрид планираше една милијарда за реновирање на „Бернабеу“, но потрошил многу повеќе

Реал Мадрид планираше една милијарда за реновирање на „Бернабеу“, но потрошил многу повеќе

Реновирањето на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ чинеше многу повеќе од првично планираното, смета познатиот шпански економист Хектор Моедано.

Уште во 2017 година, Реал Мадрид најави дека планира да го реновира својот стадион, кој требаше да биде отворен минатото лето. Сепак, сега рокот е поместен за следното лето. Наместо планираните трошоци од една милијарда евра, за реновирањето „кралевите“ ќе платат неверојатни 1,8 милијарди евра, тврди Моедано.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Стадионот доби подвижен покрив, големи екрани и терен кој може да се прилагоди за различни спортови, вклучувајќи фудбал, кошарка и тенис. На пример, на него можете да играте кошарка и тенис во исто време. Во рамките на реновирањето се изградени бројни продавници, кафулиња и хотел.

Реал Мадрид истакна дека ова е стадионот на 21 век и пример за дигиталната иднина. Покрај сето тоа, тревата може автоматски да се превиткува и вертикално да се складира во посебна комора под површината на теренот, веднаш до најниското ниво на трибините.

Теренот на Бернабеу во таа длабока комора ги има сите потребни услови да остане во совршена состојба, од системи за аерација и наводнување до третман со ултравиолетови зраци кои симулираат сонце. Посебно привлечен е процесот на расклопување и склопување на стадионот. Стадионот има и видео екран од 360 степени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…