Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, го според Маркус Рашфорд со две големи легенди на клубот од „Олд Трафорд“.
Рашфорд го постигна својот 41ви гол за „црвените ѓаволи“ во саботата во победата над Брајтон, а тоа беше и 150-от меч за англискиот репрезентативец во дресот на Манчестер Јунајтед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сигурен сум дека тој може да стане играч од највисока класа. Тој има само 21 година, но покажува зрелост далеку над онаа на негова возраст. Начинот на кој тој тренира, е фантастичен, бидејќи Маркус сака да тренира дополнително“.
„Тој е многу тежок за одбрана и запирање и за мене е задоволство да работам со него. Неговата игра многу ме потсетува на онаа на Роналдо и Руни, кога беа на негова возраст“, изјави Солскјер.
Норвежанецот беше соиграч со Роналдо и Руни на почетокот на кариерата на „Олд Трафорд“ и одлично ги познава.
https://youtu.be/1kMXq7d-bJM