Српскиот репрезентативец од Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ ќе биде надвор од теренот неколку недели поради повреда на мускулот, потврди тренерот Оле Гунар Солскјер.
Матиќ се повреди на последниот тренинг пред дербито против Ливерпул во Премиер лигата, па го очекува пауза.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Тоа е голем удар за нас, Матиќ претрпе повреда на мускулот и нема да игра неколку недели. Такви работи се случуваат во текот на сезоната и мораме да продолжиме без него одреден период. Немања има искуство и квалитет и е важен играч за нас“, изјави Солскјер.
Матиќ ќе го пропушти вториот натпревар од осмина финалето во Лигата на Шампионите на гости против Пари Сен Жермен, но и дуелите во Премиер лигата против Кристал Палас, Саутемптон и Арсенал.