Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер пред големото дерби со Ливерпул изјави дека не се плаши од „црвените“.
Јунајтед во моментов е на 12. место во домашното првенство, со само две победи во осум одигрнаи кола, а од друга страна Ливерпул е со максимален ефект.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Мора да бидеме подготвени за мечот со Ливерпул. Мислам дека фудаблерите се ментално подготвени. Ливерпул има одлична серија, но ние сме Манчестер Јунајтед и имаме одлични фудбалери. Поради натпревари како овој фудбалери доаѓаат во нашиот клуб“, изјави Солскјер, кој не се плаши од отказ.
„Сите разговори кои ги имав со сопствениците на клубот беа за мојот тригодишен договор. Планираме оваа соработка да трае. Дадена ми е работа и не очекувам по неколку порази да добијам отказ“, истакна Норвежанецот.