Дома Фудбал Англија Солскјер: Манчестер Јунајтед е број 1 во светот, не можеме да си дозволиме да не бидеме во Топ 4

Солскјер: Манчестер Јунајтед е број 1 во светот, не можеме да си дозволиме да не бидеме во Топ 4

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер беше категоричен дека неговиот тим не смее да продолжи да губи бодови и мора да заврши во Топ 4 на крајот на сезоната.

Пред петтото коло во Премиер лигата, „црвените ѓаволи“ се на 8-то место со само една победа.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Сакаме да ги постигнеме резултатите што ги заслужуваме. Влегуваме во тежок период и не сакаме да заостануваме зад Тотенхем, Челзи и Арсенал. Ќе имаме натпревар против Лестер, но не сакам да зборувам толку многу за овој ривал“.

„За мене тие се добар тим, но Манчестер Јунајтед е најголемиот и најсилниот клуб на светот и не смее да биде надвор од Топ 4. Овој натпревар ќе биде одличен тест и предизвик за нашите играчи кои сакаат да се доближат до Манчестер Сити и Ливерпул. Ова е нивна шанса“, изјави Солсјкер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Салфетка со потписот на Меси за Барселона продадена за скоро милион евра📷

Oткако неодамна беше објавено дека на аукција е ставена салфетката на која Лионел Меси пот…