Дома Фудбал Англија Солскјер: Де Геа има потреба од трофеи

Солскјер: Де Геа има потреба од трофеи

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунер Солскјер истакна дека голманот Давид де Геа има потреба од трофеи како дополнение на личните постигнувања.

Денес се очекува голманот на „црвените ѓаволи“ да го одигра својот 400 натпревар за Манчестер Јунајтед против Саутемптон.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


29-годишниот Шпанец четири пати беше избран за играч на сезоната во Манчестер Јунајтед,но во 9-те сезони на „Олд Трафорд“ тој освои само една титула во Премиер лигата, еден ФА Куп и Лига Европа.

„Мислам дека Давид нема да биде среќен доколку не освои поголеми трофеи. Тој има добиено многу индивидуални признанија, но мислам дека Давид не е играч кој се восхитува на тоа. Тој сака неговиот тим да освојува важни трофеи“, смета Солскјер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Изненадување од Островот: Алонсо повеќе не е кандидат за тренер на Ливерпул

Според последните информации од Островот, Ливерпул повеќе не е кандидат за доведување на Ч…