Професионалните обложувачи со години создаваа разни стратегии за кладење за кои веќе сме пишувале, но во денешниот текст нема да се замараме со разни ситеми и стратегии, туку ќе ви дадеме само неколку совети како да станете успешен кладилничар.
Дефинирајте ги своите цели
Како и во секоја работа, така и во кладилницата, битно е јасно да се дефинирани своите цели и да се држите до нив. Ако немате цели нема толку да се посветувате и ќе играте повеќе за забава. Ако сакате да бидете успешен кладилничар, битно е нешто да ве поттикне, па така ќе тежнеете кон остварување. Главната цели може да ги поделете на помалку важни и повеќе важни.
Изберете на што ќе се обложувате
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Не можете да бидет успешен механичар, советник за маркетинг и возач во исто време, исто така не може да бидете успешни во обложувањето на сите спортови. Изберете на кој спорт ќе се обложувате и кој спорт ќе го следите, т.е специјализирајте се на тоа. На тој начин ќе бидете посветени во тој спорт, ќе ги знаете сите информации и резултати од тој спорт и она што е најважно, ќе ви се зголемат шансите за добивка.
Одредете го времето за обложување
Организацијата е клуч на успехот, како кај големите работи, така и кај успешните обложувачи. Одредете исто време секој ден кое ќе го користете за кладење. Во тоа време, следете новости, анализирајте и уплаќајте. Многу е битно да имате однапред утврдено време, како што е работното време.
Играјте со одреден влог
Секој професионален кладилничар унапред ги одредува парите со кои планира да клади. Златното правило кај оваа игра е да не играте со парите за кои не сте спремни да ги изгубите. Освен што ја одредувате банката на одреден временски период, многу е битно да ги одредите и точните влогови на тикетот. На овој начин вие ќе спречите голем влог на одреден тикет.
Поврзете се со другите кладилничари
Секој кладилничар може да ви биде од помош, но нивните информации земајте ги со резерва. Битно е да размените информации за некој тим, на пример кој играчи недостигаат или пак да даде предлог за некој тикет. На тој начин ќе може да разменувате повеќе совети, типови и ќе можете значително да ги зголемете шансите за добивка.
Ние ви препорачуваме да се приклучите на Фејсбук Групата наменета за обложувачи (ОВДЕ) која брои повеќе 36.000 кладилничари, а таму секојдневно се разменуваат, мислења и типови на многу кладилничари.