Пеп Гвардиола со Манчестер Сити ја прослави новата титула во Премиер лигата, а сега во интервју за „Скај Спорт“ и малку се пошегува на прашањето што би била негова следна цел ако „граѓаните“ ја освојат Лигата на шампионите.
Откако веќе ја обезбеди титулата во Премиер лигата, Манчестер Сити има прилика да ги освои и трофеите во ФА Купот и Лигата на шампионите со што тимот на Пеп би стигнал до тројна круна.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Шпанскиот стратег во интервјуто за „Скај Спорт“ беше запрашан која ќе биде негова следна цел ако Манчестер Сити освои тројна круна.
„Да му дадеме гол на Тотенхем на гостинските терен“, низ шега одговори Пеп.
Инаку, Манчестер Сити последен пат гол на Тотенхем на гостински терен му даде на 29-ти октомври во 2018 година што е навистина долг период.
Pep Guardiola on his next target if #ManCity win the treble: “To score a goal at Spurs away…” [via @SkySportsPL]pic.twitter.com/SurrztXC4l
— City Xtra (@City_Xtra) May 24, 2023