Дома Топ вести Скандали ја тресат Шпанија: Претседателот на сојузот сменет после 29 години

Скандали ја тресат Шпанија: Претседателот на сојузот сменет после 29 години

vilar

Претседателот на шпанскиот фудбалски сојуз Анхел Марија Вилар кој на оваа позиција 29 години е сменет после одлуката  Спортскиот административен суд во Мадрид.

Вилар во мај оваа година доби нов четиригодишен мандат, а судот заклучи дека организирал активности со кои успеал да стекне предност пред останатите кандидати.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Сега судот во Мадрид се очекува да распише избори за нов претседател кој ќе се одржат во март или април. Вилар тврди дека е невин и дека е неправедно суспендиран.

Но, токму поради активностите на Вилар ФИФА неодамна испрати заканувачко писмо за случувањата во сојузот. Како главна причина во писмото се наведува дека во никој случај не е дозволиво политиката да влијае на изборите во сојузот, во тие моменти се пренесуваше дека поради ваквите работи Шпанија би можела да биде дури и исфрлена од Мундијалот во Русија.

Покрај тоа треба да се истакне дека Вилар неодамна беше обвинет и за незаконско користење на парите на фудбалскиот сојуз и дека со мито во текот на годините купувал гласови и се одржувал себе си на врвот во една од најдобрите репрезентации во светот.

Вилар најави жалба на оваа одлука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Пеп го губи „компасот“: Гвардиола ги изненади навивачите со изборот на лев бек за дербито против Јунајтед

На „Етихад“ утре ќе се одигра големото градски дерби меѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунај…