Дома Трансфер зона Ситуацијата во Милан причина за заминување на најголемите ѕвезди!?

Ситуацијата во Милан причина за заминување на најголемите ѕвезди!?

Добро познато е дека Милан е во големи финансиски проблеми, а истите би можеле да доведат до заминување на најголемите ѕвезди.

Според тврдењето на новинарот Данакан Кастлес, финансиската ситуација на Милан е неизвесна, а таа ќе доведе најверојатно до исфрлување од Лигата на Европа, но и би можела да биде причина клубот да го напуштат најголемите ѕвезди Леонардо Бонучи и Џанлуиџи Донарума.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Кастлес објаснува дека Манчестер Јунајтед е најзаинтересиран за услугите наЛеонардо Бонучи, кој пред само една година од Милан пристигна во Јувентус во сензационален трансфер вреден 42 милиони евра.

Кога во прашање е Донарума, „Кориере дело Спорт“ известува дека ПСЖ и понатаму е заинтересиран за младиот голман, иако се очекува доаѓање на Буфон. Но, нив проблем исто така може да им направи финансискиот фер плеј.


Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…