Манчестер Сити и Лидс денес ги договорија сите детали од трансферот на Калвин Филипс, пренесуваат медиумите на Островот.
Репрезентативецот на Англија утре би требало да го официјализира трансферот во редовите на „граѓаните“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сити за потписот на Филипс ќе плати 50 милиони евра плус 10 милиони во форма на бонуси, а тој ќе потпише четиригодишен договор со Манчестер сити.
Ова е уште едно засилување за тренерот Пеп Гвардиола, кој претходно го доби Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд.
Филипс веќе две сезони игра на високо ниво и беше мета на многу аглиски гиганти, а на „Етихад“ треба да биде наследник на Фернандињо.