Манчестер Сити не се откажува од намерата да го донесе Ерлинг Халанд на „Етихад“ и испрати астрономска понуда до младиот голгетер.
Иако се шпекулираше дека Халанд е најблиску до Реал Мадрид, сепак Манчестер Сити со најновата понуда се истакнува како фаворит за потписот на Норвежанецот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, „граѓаните“ на Халанд му нудиат неделна плата од 600.000 евра, односно 31 милион евра годишно.
Халанд би станал најдоброплатен фудбалер во Премиер лигата,и би ги поминал Кристијано Роналдо кој заработува 500.000 евра неделно и Кевин де Брујне кој инкасира по 451.000 евра секоја седмица.
Реал сигурно не може да ја израмни оваа понуда, па во моментов Сити е фаворит за потписот на Халанд.
Директорот и легенда на Борусија Дортмунд, Матијас Замер изјави дека паднал кога ја видел понудата од „граѓаните“ за Халанд.
„Кога ја видов понудата на Сити за Халанд, веднаш паднав. Женами мораше да ме дигне“, се пошегува Замер.