Дома Фудбал Останато Сите со нетрпение чекаат да започне: Серија А ги има најубиствените напаѓчи во Европа!

Сите со нетрпение чекаат да започне: Серија А ги има најубиствените напаѓчи во Европа!

Љубителите на најважната споредна работа на светот со нетрпение го чекаат почетокот на италијанската Серија А откако Кристиано Роналдо пристигна во Јувентус.

Роналдо после девет сезони одлучи да го напушти Реал Мадрид, а нов предизвик во кариерата ќе му биде Јувентус. Сезоната во Серија А започнува наредниот викенд и фудбалскиот свет очекува големи возбудувања во ова првенство.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Ла Газета дело Спорт“ во својата денешна насловна страна ја посвети на наопаѓачите на италијанскиот клубови, Роналдо, Един Џеко и Гонзало Игуаин. Реномираниот медиум наведува дека сега Италија ги има најубиствените напаѓачи во Европа.

Овие напаѓачи комбинирано постигнаа најмногу голови во однос на останатите пет лиги. Роналдо на своето конто има 395 погодоци, Игуаин постигна 218, а Џеко 169 погодоци. Заедно имаат постигнато 782 погодоци.

Зад нив следуваат Ла Лига со 732 погодоци, Бундес лигата е трета со 544 погодоци, потоа следат Премиер лигата со 528 и Лига 1 со 436.

Во Ла Лига се издвојуваат: Лионел Меси (383), Луис Суарез (179) и Карим Бензема (170). Во Будес лигата: Клаудио Пизаро (194), Роберт Левандовски (180) и Марио Гомез (170). Во Англија: Серхио Агуеро (217), Џермејн Дефо (162) и Пјер Емерик Обамејанг (149). Во Франција Едисон Кавани (228), Радамел Фалкао (107) и Марио Балотели (101).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Казнет навивачот кој го бакна Роналдо

Репрезентацијата на Португалија го загуби пријателскиот натпревар против Словенија, а на о…