Maксимилијан Ибрахимовиќ го потпиша својот прв професионален договор.
Синот на Златан Ибрахимовиќ кој има 17 години потпиша договор со италинанскиот гигант во кој неговиот татко ја извршува улогата на советник, но исто така е врска помеѓу фудбалерите од првиот тим и управата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Иако потпиша професионален договор тој во наредната сезона ќе остане дел од младинските тим, а минатата сезона настапуваше во тимот до 18 години.
Негова најчеста позиција е лево крило, но може да игра и како втор напаѓач пред средниот ред. Во сезоната 2023/2024 одигра 29 натпревари со просек од 70-тина минути по натпревар и за У18 тимот постигна три гола.