Атлетико Мадрид работи на трансферот на уругвајскиот напаѓач од Бефика, Дарвин Нуњес, пренесуваат шпанските медиуми.
Приоритет на Атлетико во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач, кој ќе треба да го наследи Луис Суарез.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Суарез заминува ова лето, а најголема желба на Симеоне е токму неговиот сонародник Дарвин Нуњес.
Нуњес ја воодушеви фудбалска Европа со своите настапи во дресот на Бефика и интерес за него покажуваат многу европски гиганти.
Атлетико сака да ја победи конкуренцијата, веќе стапил во контакт со неговиот агент и спрема понуда од 70 милиони евра.
24-годишниот Нуњес оваа сезона постигна 34 гола на 41 меч и Бенфика за неговата слобода бара 80 милиони евра.
#AtleticoMadrid are working to sign a new striker: the main target as Luis #Suarez’s replacement is Darwin #Núñez. Opened talks with his agent Mendes. The uruguaian won’t leave #Benfica for less than €70M. #transfers
— Nicolò Schira (@NicoSchira) May 16, 2022