Дома Фудбал Останато Се расфрлаат со милиони, а сега клубот на Роналдо си направи проблем за 460.000 евра

Се расфрлаат со милиони, а сега клубот на Роналдо си направи проблем за 460.000 евра

Клубовите од Саудиска Арабија направија вистински бум на трансфер пазарот со големите понуди за фудбалерите од Европа, се нудат суми кои изгледаат нереално, но сега се појави вест за финансиски проблем во клубот на Кристијано Роналдо, Ал Наср.

Ал Наср прв го „скрши мразот“ и во јануари го доведе Роналдо, а пред неколку дена го заврши трансферот на Марсело Брозовиќ. Но, сега овој клуб влегол во спор за 460,000 евра што е „смешна“ сума ако се споредат милионите со кои се расфрлаат.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Имено, ова е сумата која арапскиот клуб треба да ја исплати на Лестер на име бонус за Ахмед Муса кој го го исполнил во периодот од 2018 до 2020 година.

За работите да бидат уште попроблематични, ФИФА ја проследи одлуката на Судот за спортска арбитража и го казни Ал Наср со забрана за регистрација на нови играчи до плаќање на долгот кон Лестер.

Ова не е прв пат клубовите од Блискиот Исток, особено од Саудиска Арабија, да се најдат на погрешната страна на законот поради неисплатени трансфери и плати, но сега ќе мора да престанат со таа практика, меѓутоа сега погледите на фудбалската јавност се дефинитивно пвоеќе насочени кон нив.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Скапо платениот ас на Баерн постигна гол каков што ретко се гледа: Погоди како во видео игра! 🎥

Фудбалерите на Бајерн во Гелзенкирхен убедливо го совладаа украинскиот Шахтар со резултат …