Дома Фудбал Се појави незадоволство кај играчите на Барселона

Се појави незадоволство кај играчите на Барселона

Дел од фудбалерите на Барселона се разочарани од работата на медицинскиот тим на клубот, пренесуваат шпанските медиуми.

Некои од фудбалерите почнуваат да го ставаат под знак прашалник професионализмот на лекарските бидејќи се незадоволни од тоа што се случува со Френки де Јонг.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Неодамна Холанѓанецот се здоби со повреда на десната нога, а лекарите првично му ја погрешија дијагнозата.

Постои веројатност Де Јонг да го пропушти остатокот од сезоната, а самиот тој размислува да се врати во Холандија и да се лечи со тамошните доктори.

Сержи Роберто и Осман Дембеле се другите повредени фудбалери кои нема да можат да играат на вечерашниот меч против Атлетик Билбао на „Камп Ноу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Два премиерлигаши во борба за Белингам – се нудат дури 180 милиони евра

Ливерпул наводно подготвува понуда од 180 милиони евра за Џуд Белингам како би се натпрева…