Дома Фудбал Англија Се огласи Борусија: Еве кога за првпат се обратил Арсенал на адреса на „Милионерите“

Се огласи Борусија: Еве кога за првпат се обратил Арсенал на адреса на „Милионерите“

Според денес пренесените информации, кои ги пласираше германски „Кикер“, Арсенал испратил понуда тешка 50 милиони евра за услугите на Пјер Емерик Обамејанг.

Тоа не е доволно Борусија да му дозволи да замине, како што се наведува, управата на тимот од Дортмунд за некогашниот играч на Милан и Сент Етјен бара помеѓу 60 и 70 милиони евра.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Сепак, сега се појавија и први официјални информации, а според нив, Арсенал се уште го искушува теренот.

Тие како што се наведува, дури сега покажа официјално интерес за неговите услуги, а тоа за германските медиуми го истакна извршниот директор на Борусија, Ханс Јоаким Вацке.

Вацке потврди дека „Топчиите“ и официјално му се обратиле на клубот од Дортмунд по повод статусот на Пјер Емерик Обамејанг, кој ги пропушти изминатите два меча на „Милионерите“, првиот поради недисциплина, вториот пат поради споменатиот интерес за Арсенал.

„Можам да потврдам дека Арсенал по првпат изрази интерес за Пјер Емерик Обамејанг“, истакна Вацке во едно интервју за германските медиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона ќе „жртвува“ двајца фудбалери за да купи ѕвезда од Англија!?

Средниот ред на Барселона претрпе значителни промени од крајот на минатата сезона. Еден од…