Дома Топ вести Се е договорено: Ливерпул утре го објавува најскапиот трансфер во својата историја

Се е договорено: Ливерпул утре го објавува најскапиот трансфер во својата историја

Ливерпул и Бенфика го договорија сите детали од трансферот на Дарвин Нуњес, кој најверојатно ќе биде потврден утре.

Новинарот Фабрицио Романо открива дека двата клуба утрово постигнале конечен договор за трансферот и утре треба да бидат потпишани документите.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ливерпул за трансферот на Нуњес ќе плати 80 милиони евра во кеш, плус 20 милиони евра преку бонуси, со што Уругваецот ќе стане најскап трансфер во историјата на клубот.

Нуњес веќе има договор со „црвените“ и ќе потпише 5-годишен договор тежок 8 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Перез: Да не беа Намбија, Уганда, Албанија и Финска, Винисиус ќе ја добиеше „Златна топка“

Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез зборуваше за „Златната топка“ која заврши во…