Сестрата на Нејмар, Рафаела Сантос возврати на навивачите на ПСЖ на Твитер.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Вчера навивачите на ПСЖ во натпреварот против Ним во првото коло од француското првенство испратија јасна порака дека Нејмар не е пожелен во Париз.
Навивачите во текот на натпреварот истакнаа транспаренти со пораки против Нејмар, а покрај тоа и скандираа против Бразилецот.
Поради таквото однесување на навивачите на социјалните мрежи се огласи сестрата на Нејмар која жестоко ги нападна.
„Какви одвратни и невоспитани луѓе сте вие. Се уште го сакате мојот брат во вашиот тим. Без него нема ништо да освоите. Одје*ете!“, напиша Рафаела.
На тој нејзин твит следуваа бура од коментари од навивачите на ПСЖ после што Рафаел го избриша твитот, а подоцна и нејзиниот Твитер профил беше избришан.