Поранешниот капитен на репрезентацијата на Македонија и човекот кој го предводеше Вардар во историскиот двомеч со Фенербахче, Гоце Седлоски ги потврди најавите дека оди во Загреб да го води вториот тим на Динамо.
Седлоски дресот на Динамо го носеше шест ипол години, а беше и капитен на хрватскиот гигант. Сега во клубот се враќа со нова улога.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Можам да потврдам дека ќе го водам вториот тим на Динамо. Моја желба беше да се вратам и да работам во Динамо, сега тоа ми се исполни. Сите знаат колку го сакам Загреб и мило ми е што се враќам. Не знам кога точно ќе дојдам во Загреб, таму имам стан. Се зависи од ситуацијата со коронавирусот“, изјави Седлоски за хрватските медиуми.