Дома Фудбал Останато Сега и официјално: Шапикоенсе е победник на Копа Судамерикана!

Сега и официјално: Шапикоенсе е победник на Копа Судамерикана!

Јужноамериканската фудбалска асоцијација (КОНМЕБОЛ) и официјално соопшти – Шапикоенсе е победник во Копа Судамерикана.

Бразилскиот клуб требаше да игра во финалето против Атлетико Насионал, но авионот со кој патуваше се урна во Колумбија и во несреќата загинаа 19 негови фудбалери.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Противникот од Колумбија веднаш најави дека го предава финалниот двомеч и поведе иницијатива за административно доделување на пехарот за екипата од Бразил.
„КОНМЕБОЛ ја доделува титулата од Копа Судамерикана 2016 на Шапикоенсе“, се вели во соопштението на КОНМЕБОЛ.

Шапикоенсе, како победник во Копа Судамерикана, во наредната сезона ќе игра во јужноамериканскиот Суперкуп и во новото издание на Копа Либертадорес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Инзаги го отпиша Митровиќ

Италијанскиот стручњак Симоне Инзаги само еден ден по поразот со својот Интер од Пари Сен …