Нема мир во Интер. Таман кога се мислеше дека на тимот му тргна без Мауро Икарди, следеше шокантно реми синоќа во Фиренца „зачинето“ со контроверзен пенал за „виолетовите“ во судиското продолжение.
Во Италија денес повторно главна тема е Мауро Икарди, а причина за тоа е гестот на Перишиќ и коментарот на Ванда Нара.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сопругата на Икарди секоја недела е редовен гостин во една телевизиска емисија посветена на Серија А, па синоќа ги коментираше случувањата на „Артемиот Франки“.
Овој пат мета и беше Иван Перишиќ, кој со еден гест на натпреварот покажа дека има проблем со Мауро Икарди.
Имено, синоќа Политиано после постигнатиот гол прослави во стилот на Икарди со двете раце позади уши, а тоа воошто не му се допадна на Хрватот. Тој го удри во раце и го спречи да го имитира Икарди, а медиумите тврдат дека тоа го направил за да покаже дека Икарди и неговите голови не му се потребни на тимот.
https://youtu.be/4t3p_8YySRw
„Во фудбалот се случуваат неправди како што беше пеналот против Интер, како што е однесувањето на Перишиќ или како одлуката Икарди да остане дома. Некој кој даваше се за овој клуб сега се прикажува како монструм, што нема врска со вистината“, истакна Ванда.
„Икарди да оди во соблекувалната за да ја смири ситуацијата? Доста со тие глупости. Па видете го потегот на Перишиќ, тој со тоа не придонесува да се смири ситуацијата, туку напротив“, додаде сопругата на Икарди.
После ова е јасно дека Икарди има проблем во соблекувалната со „југословенските“ играчи – Перишиќ, Брозовиќ, Хандановиќ и Врсаљко. Тоа без влакна на јазикот јавно го откри Касано.
„Во гестот на Перишиќ не гледам ништо лошо. Меѓутоа јасно е дека Икарди има проблем со „југословените“. Тоа е огчигледно и мислам дека мора да се реши што побрзо за доброто на тимот“, истакна Касано.