Дома Фудбал Севиља изненади со изборот за нов тренер

Севиља изненади со изборот за нов тренер

Eкипата на Севиља одлучи нов тренер на првиот тим да биде – Диего Алонсо.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Станува збор за малку познато име во европскиот фудбал, бидејќи до неодамна беше селектор на Уругвај.

Тој го замени легендарниот Оскар Табарез во декември 2021 година, но поднесе оставка една година подоцна, откако не успеа да го одведе Уругвај во осминафиналето на Светското првенство.

Диего Алонсо пред Уругвај беше тренер на Интер Мајами, како и Монтереј, Пачука, каде што се задржа најдолго (2014-2018), а ги водеше и Пењарол, Гуарани, Бела Виста, па очигледно е дека знаењето и искуството го стекна само на американскиот континент..

Останува да се види дали на 48-годишниот Уругваец ќе ја донесе потребната шок-терапија на тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голем хаос на повидок: Хартс бара службена победа против Селтик! (Видео)

Драмата во шкотската Премиер лига сè уште трае, а најновите случувања отвораат можност за …