Дома Фудбал Англија Сари се појави со лаптоп и објаснуваше дека ВАР го оштетил Челзи (ФОТО)

Сари се појави со лаптоп и објаснуваше дека ВАР го оштетил Челзи (ФОТО)

Менаџерот на Челзи, Мауруцио Сари имаше што да каже на тема ВАР во Англија.

Вчерашниот натпревар од Карабао купот помеѓу Тотенхем и Челзи покажа дека судиите на Островот се уште не знаат да ја користат баш најдобро новата технологија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челзи според многумина беше оштетен на „Вембли“, а Сари им порача на судиите да научат да го користат ВАР системот.

„Кога ВАР системот беше воведен во Серија А тоа беше вистинска катастрофа. Грешки колку сакате, но со време судиите постепено учеа од грешките и сега веќе не е така. Во Англија судиите се уште не се спремни да ја применуваат оваа технологија“.

„Не е проблем тоа што Хари Кејн беше во офсајд при постигнувањето на голот, проблем е што линискиот судија го подигна знаменцето и така им го одвлече вниманието на нашите дефанзивци кои помислија дека повеќе нема опасност. Сигнализиран беше офсајд, а потоа досуден пенал“.

„Судиите треба добро да ги научат правилата на користење на оваа технологија, во спротивно истата ќе има спротивен ефект“, изјави Сари.

sari

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Навивачите на Арсенал шокирани од она што го правеа фудбалерите на Фулам 🎥

Aрсенал за викендот го победи Бормут со 3:0 во рамките од 36. коло во Премиер лигата, а за…